Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мисајловски во Словенија на состаноци за регионалната безбедност и одбранбена соработка
    • Нови чекори за македонскиот рубин: Сертификација, заштита и промоција
    • Мала Богородица – Празник со посебни обичаи и верувања за мајките
    • Мир, ненасилство и солидарност: Ученици ќе испратат пораки од центарот на Скопје
    • АМСМ со апел до возачите: Внимателно на патиштата каде има опасност од одрони
    • Државната ревизија пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет
    • Невреме со пороен дожд, силен ветер и грмотевици – УХМР со метео предупредување
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски во Словенија на состаноци за регионалната безбедност и одбранбена соработка

    Мисајловски во Словенија на состаноци за регионалната безбедност и одбранбена соработка

    21.09.2026 во 08:161 Min Read
    Министерство за Одбрана
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска и утре престојува во Словенија, каде во Брдо кај Крањ ќе учествува на годишниот состанок на министрите за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка (CEDC) со земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.

    Мисајловски ќе учествува и на состанокот на неформалната регионална иницијатива за одбранбена соработка во формат Грац/Кремс, заедно со земјите од Западен Балкан.

    Според Министерството за одбрана, на состаноците во фокус ќе бидат безбедносната состојба во Европа и можностите за унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства.

    Ќе се разговара и за воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заедничките обуки, како и за развојот на одбранбените капацитети и способности.

    На средбите ќе стане збор и за идните активности насочени кон зајакнување на улогата на земјите од Западен Балкан во евроатлантската безбедносна архитектура.

    За утре е предвиден и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Нови чекори за македонскиот рубин: Сертификација, заштита и промоција

    21.09.2026 во 08:15

    Мала Богородица – Празник со посебни обичаи и верувања за мајките

    21.09.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.