Триесет и едногодишен државјанин на Мексико е приведен откако нападнал полициски службеник во парк во Ѓорче Петров, каде се одржувала манифестација.
Според полицијата, тој одбивал да се легитимира и се однесувал агресивно, по што физички и со тврд предмет нападнал полицаец додека извршувал службени дејствија.
При проверката било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со измерени 2,30 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

