Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а наместа се очекува и појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 18 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнуваат од 26 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во понеделник се очекува задржување на променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи со послаб интензитет. Од вторник следува промена на времето со сончеви периоди, но и значително посвежо, при што температурата на воздухот ќе опадне за 7 до 10 степени.

