Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени

    Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени

    20.09.2026 во 11:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две лица го загубија животот, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово – Скопје, кај Агино Село, соопшти СВР Куманово.

    Несреќата се случила синоќа околу 21:35 часот, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од 65-годишниот М.М. од Скопје, и патничко возило „опел корса“, исто така со скопски ознаки, управувано од 27-годишниот С.Н. од Скопје.

    „На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.Н. (28) и С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти кумановската полиција.

    Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“, М.М., е лишен од слобода.

    По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.