Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

    Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

    19.09.2026 во 14:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју за МИА истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа.

    „Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели во интервју за МИА, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

    Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции.

    „Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева.

    Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки.

    „Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“,  вели Митева.

    Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија.

    „Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.