Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес сме сведоци на врвот на политичкото лицемерие, безобразие и потценување на интелигенцијата на граѓаните на Скопје. Орце Ѓорѓиевски без ниту малку срам, застанаа пред камерите да се пофали со отпочнување на постапката за реализација на проектот БРТ. Истиот оној систем за брз автобуски превоз кој тие со години безмилосно го саботираа, го блокираа во Советот на Град Скопје и го прогласуваа за „лош и криминален“, изјави за медиумите, Александар Давчевски – Претседател на Градска организација на СДСМ.

    Цели пет години! Пет години скопјани мрзнат по постојки, се туркаат во распаднати автобуси, доцнат на работа и на училиште, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучи да си игра политика со нивните животи. Пет години го држеа во заложништво јавниот превоз на половина милион луѓе, за денес – преку ноќ – истиот тој проект да се обидат да го продадат како свое историско достигнување.

    Да бидеме на јасно: БРТ е визија, идеја и проект на СДСМ. Ние го изработивме и го започнавме како рационално решение за спас на Скопје од сообраќајниот колапс. Ние никогаш нема да бидеме против реализацијата на БРТ. Но, ние сме згрозени од ова политичко лицемерие. Оние кои фрлаа дрва и камења по овој проект и направија сè за да го закочат, денес се китат со туѓи перја.

    Зарем власта мисли дека скопјани имаат толку кратко памтење? Зарем градоначалникот мисли дека со една прес-конференција ќе ги избрише годините малтретирање на граѓаните?

    Скопјани го бараат единствениот логичен одговор: Кога лажевте? Дали кога пет години го блокиравте БРТ по секоја цена за политичка штета, или денес кога наеднаш овој проект стана совршено и квалитетно решение само затоа што вие сте на власт?

    Ова не е грижа за градот. Ова е класично малтретирање на граѓаните со скап пи-ар!

    Времето кое скопјани го изгубија поради вашите блокади, никој не може да го врати, додаде Давчевски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.