Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји
    • Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”

    Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”

    18.09.2026 во 08:55Updated:18.09.2026 во 09:102 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската водителка Јулија Мациевска објави потресна порака на денот на роденденот на нејзината почината ќерка, Андријата, која за жал ја загуби на 12 мај 2022 година.

    Младата Анчи почина на 41 година, по две години борба со рак на дојка.

    -Денеска е твојот роденден 16 септември, Анчи мајкина. Што можев да направам за тебе душо Ангелска, освен песна да ти подарам. Песна од која и Небото ќе се затресе, песна која ќе допре иљадници срца, песна која ќе ја пеат неутешните мајки и ќе мислат на своите ангели, песна која никого не остава рамнодушен и сакал или не, во еден момент ќе му излета од грлото ,,Андријана, ангел небесен…”, песна која ќе утешува,исцелува, ќе трансформира, ќе спојува, ќе дарува љубов за СИТЕ, токму онака како што ти го замислуваше Животот, моја Ан.

    Те љубам чедо мајкино, до вечноста. И денес на твојот земски роденден ЛЕТАЈ КАКО ПТИЦА СЛОБОДНА, НЕБО И ЗЕМЈА СПОЈУВАЈ

    Андријана, ангел небесен

    После тебе Анчи мајкина

    Ништо исто не остана

    Од утроба ми се откорна

    Срце ми се распукна.

    Остана душо ангелска

    Свет во бои, недобоен

    Твојот сон неостварен

    Дневникот незавршен.

    Но ти се возвиши

    Ти само премин направи

    Рајски порти отвори

    Живот вечен, Бог ти подари.

    Реф.

    Андријана ангел небесен

    Андријана ангел возвишен

    Андријана љубов најмила

    Душа чиста бескрајна.

    Љуби љуби, душо ангелска

    Љубов ти за сите дарувај

    Летај како птица слободна

    Небо и земја спојувај.

    Строфи:

    После тебе Анчи мајкина

    Светот почна да се менува

    Лика ангелска да добива

    Ангелски да зборува.

    Пораки душо најмила

    Секој ден ми праќаше

    Мајка си ја тешеше

    И верба ми враќаше.

    Но ти се возвиши

    Ти само премин направи

    Рајски порти отвори

    Живот вечен, Бог ти подари.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји

    18.09.2026 во 09:00

    УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето

    18.09.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.