Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
    • Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, нагласи дека власта потроши 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето. Филипче посочи дека целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со само 5,5 милиони евра, но Владата не презема мерки за да им помогне на лозарите додека грозјето скапува по лозјата.

    „Зошто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем со откупот, сега на грозјето, ќе беше решен со 5,5 милиони евра. А сега скапува грозјето по насадите. Откупувачите не го откупуваат грозјето, и Владата нема мерка и  никако не реагира.“ рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче посочи дека состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата со ВМРО на власт, посочувајќи ги нискиот стандард, осиромашувањето на граѓаните и проблемите во повеќе сектори.

    „Финансиската и економска криза во која што се наоѓаме, прекумерното задолжување, како никогаш досега од независноста, скоро 12 милијарди евра, а Владата на ВМРО наследи 8 милијарди евра долг, нискиот стандард и осиромашувањето на граѓаните, проблемите и катастрофата што се случува во секој сектор, во земјоделството, во образованието и здравството, сметам дека е еден така критичен период да треба да посветиме многу внимание и да зборуваме многу внимателно, затоа што можно е државата целосно да тргне во правец во којшто не сме се движеле од ’91-ва година наваму“ рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?

    17.09.2026 во 20:13

    Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа

    17.09.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.