Општина Аеродром започна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во населбите Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“. Проектот предвидува поинаква организација на движењето, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.

Целта на новите решенија е подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителни услови за велосипедистите и пешаците.

Според планот, во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 нови паркинг-места, додека во Мичурин се планирани 215 паркинг-места. Од Општината истакнуваат дека со овие мерки просторот ќе се збогати со нови содржини, со што ќе се обезбеди пофункционален, побезбеден сообраќај и поквалитетно секојдневие за граѓаните.





