Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевски поднесе отчет: Реализирани бројни инфраструктурни проекти и нови инвестиции во Сопиште
    • Манасиевски: Двојни аршини во правосудството – за ситни дела строги казни, а за Ласкарци и модуларната нула одговорност
    • Пресретнал група деца, па истепал едно – 42-годишен маж од Центар Жупа заработи кривична
    • Падна пресуда во Хаг: Тачи осуден на 25 години затвор
    • Трагично заврши потрагата во Охридското Езеро: Пронајдено телото на 31-годишниот скопјанец
    • Индустријата со позитивни бројки: Прометот зголемен и на домашниот и на странските пазари
    • Си ги закопале своите бебиња во дворот – казните се премногу мали, Обвинителството бара повисоки
    • УХМР ги измери температурите во 11 часот – Попладнево следи промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски поднесе отчет: Реализирани бројни инфраструктурни проекти и нови инвестиции во Сопиште

    Мицевски поднесе отчет: Реализирани бројни инфраструктурни проекти и нови инвестиции во Сопиште

    16.09.2026 во 12:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, на денешната прес-конференција по повод една година од преземањето на функцијата презентираше извештај за реализираните проекти во општинарта, нагласувајќи дека фокусот бил ставен на подобрување на инфраструктурата, условите за најмладите и локалниот економски развој.

    „Во Сопиште отворивме нова детска градинка „Сонце“, во која 84 дечиња добија безбедно, топло и современо место за згрижување“, истакна Мицевски, додавајќи дека за првпат се обезбедени и бесплатни училишни униформи и ранци за сите првачиња.

    Во делот на патната и комуналната инфраструктура, Мицевски посочи дека се реконструирани бројни улици во населените места, меѓу кои улицата 20 во Нова Брезница, улицата 11 во Сопиште, улицата 5 во Добри Дол, како и мостот кој ги поврзува Ракотинци и Добри Дол. Исто така, со поддршка од Владата е рехабилитирана и врската кон Света Петка во должина од речиси 1.700 метри. Општината обезбеди и 10 милиони денари од сопствениот буџет за реконструкција на локални сообраќајници.

    Градоначалникот се осврна и на капиталните инвестиции, истакнувајќи го поставувањето на камен-темелникот за првиот трговски центар во општината во вредност од над 5 милиони евра. На крајот, Мицевски порача:

    „Не ветувавме за да добиеме доверба. Ветивме за да работиме. А денес, со резултатите, ја оправдуваме довербата.“

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Двојни аршини во правосудството – за ситни дела строги казни, а за Ласкарци и модуларната нула одговорност

    16.09.2026 во 12:19

    Тренчевска: Во ризик е исплатата на пензиите

    16.09.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.