Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Распишан тендер за БРТ
    • Мицкоски на средба со конгресменката Клаудија Тени: Зајакнување на партнерството меѓу Македонија и САД
    • Утре дел од Центар останува без вода
    • Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански
    • Мицкоски на средба со американскиот конгресмен Кит Селф: Фокус на стратешкото партнерство со САД
    • Белорусија ослободува политички затвореници во замена за укинување на санкциите од САД
    • Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово
    • Батериите за електрични тротинети и електрични велосипеди добиваат дигитални пасоши
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Работниците ќе добијат К-15 – Колку пари ќе легнат на сметките годинава?

    Работниците ќе добијат К-15 – Колку пари ќе легнат на сметките годинава?

    16.09.2026 во 08:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 1 јули компаниите од приватниот сектор започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Минималниот износ што треба да го добијат вработените годинава е околу 19.116 денари.

    К-15 е задолжителен годишен надоместок кој работодавачот го исплаќа на работникот како регрес за годишен одмор. Право на овој надоместок имаат вработените кои во текот на календарската година оствариле најмалку шест месеци непрекинат стаж кај истиот работодавач.

    Износот на К-15 не е фиксна сума, туку се пресметува во зависност од просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се врши исплатата.

    Според правилата, регресот треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци. Во одредени случаи, максималниот неоданочен износ може да достигне до 100 проценти од просечната плата, согласно условите утврдени со колективниот договор.

    К-15 треба да биде исплатен најдоцна до 31 декември во тековната година.

    За работодавачите кои нема да го исплатат регресот се предвидени парични санкции. Дополнително, доколку работникот биде присилен да го врати исплатениот К-15 во готовина, законодавството предвидува и можност за затворска казна до една година.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски на средба со американскиот конгресмен Кит Селф: Фокус на стратешкото партнерство со САД

    16.09.2026 во 19:31

    Литар гориво достигна над три евра – шок за возачите во Германија

    16.09.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.