Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид
    • Инвестиции во училишниот спорт: Денеска презентација на проектот „Учи, Играј, Расти“
    • Австриски компании во Скопје: Нови можности за инвестиции и партнерства
    • Ќе нема струја со часови – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Од сонце до дожд – УХМР најавува какво време нè очекува
    • УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
    • Протест во Париз: Илјадници француски полицајци на улица бараат повисоки бонуси за ризик и подобри услови за работа
    • Утре сончево со температури до 29 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид

    Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид

    16.09.2026 во 08:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), денеска и утре во Охрид ќе биде домаќин на регионална конференција посветена на прашањето „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“.

    Главен фокус на конференцијата ќе биде јакнењето на јавната доверба во уставното судство, со акцент на независноста и кредибилитетот на уставните судови, транспарентноста, комуникацијата со јавноста и предизвиците што ги носи забрзаниот развој на информациските и технолошките процеси.

    Преку размена на искуства од регионот и Европа, учесниците ќе дискутираат за начините на кои уставните судови ја градат и одржуваат довербата кај граѓаните, притоа зачувувајќи ја својата независност и институционален авторитет.

    Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и Штефан Пирнер, раководител на проектниот оддел за Западен Балкан при ИРЗ.

    Во рамки на панел-дискусиите ќе учествуваат претседатели и судии на уставните судови од регионот. Меѓу учесниците се претседателот на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Мирсад Ќеман, како и судиите на Уставниот суд на Северна Македонија, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу. На конференцијата ќе учествуваат и претставници на уставните судови на Црна Гора и Србија.

    Свое излагање ќе има и Winfried Schubert, поранешен претседател на Уставниот суд на сојузната покраина Бранденбург и поранешен претседател на Вишиот покраински суд во Наумбург, Германија. Тој ќе се осврне на развојот и улогата на германското уставно судство, неговата јавна прифатеност, актуелните предизвици и институционалната отпорност.

    На конференцијата се очекува присуство и на претставници на ИРЗ, дипломатскиот кор, академската заедница и судството.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Инвестиции во училишниот спорт: Денеска презентација на проектот „Учи, Играј, Расти“

    16.09.2026 во 08:03

    Австриски компании во Скопје: Нови можности за инвестиции и партнерства

    16.09.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.