Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: БРТ пред тендер, изградбата напролет
    • САД пренасочуваат милиони долари воена помош од Европа и Блискиот Исток кон Латинска Америка
    • Ѓорѓиевски: Го стабилизиравме градот и ги одглавивме проектите што со децении беа закочени 
    • Канцеларот Мерц со остра порака до Техеран: Иран веднаш да ги запре дестабилизирачките активности и блокадата на Ормуската Теснина
    • Сибиха: Во руските напади оштетени или уништени се повеќе од 500 локомотиви
    • Ќе треба да ги носиме со години: Полицајците сакаат да ги пробаат новите униформи
    • Алармантно предупредување од НАТО: Над 200 руски хибридни напади регистрирани минатата година
    • ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: БРТ пред тендер, изградбата напролет

    Ѓорѓиевски: БРТ пред тендер, изградбата напролет

    15.09.2026 во 21:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во „Ноќно студио“ соопшти ексклузивна информација во врска со реализацијата на проектот за брз автобуски превоз – БРТ.

    Како што информираше градоначалникот, проектот се наоѓа во последната фаза на одобрување од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Доставена е потребната документација и во моментов се очекува одговор, со цел процесот да биде целосно заокружен до крајот на оваа недела.

    По финализирањето на постапката, се очекува да биде објавен тендерот за проектирање и изведба на БРТ-системот.

    -Работиме во целосна координација и поврзаност со ЕБОР, а тендерската постапка ќе биде спроведена во согласност со европските регулативи. Очекувам во текот на наредните неколку дена да биде објавена тендерската постапка, истакна Ѓорѓиевски.

    Во рамките на реализацијата на БРТ-системот, постојното средишно зеленило на булеварите се задржува, со што модернизацијата на јавниот превоз ќе се спроведува со зачувување на зеленилото.

    Според проценките на градоначалникот и тимовите вклучени во реализацијата на проектот, градежните активности би можеле да започнат доцна напролет наредната година, со поставување камен-темелник и официјален почеток на изградбата.

    Со ова, проектот за БРТ влегува во конкретна оперативна фаза, со следен клучен чекор објавување на тендерската постапка и избор на изведувач за реализација на проектот.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја седум часа – електродистрибуција најави исклучувања

    15.09.2026 во 15:45

    Стефковски на тркалезна маса на УНДП: Општина Гази Баба потврдена како една од најтранспарентните во Скопје

    15.09.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.