До 18:00 часот денеска, на терен се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според податоците од ЦУК, активен пожар има кај крушевското село Борино каде што е запалена ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод – кај месностите Дабова Дупка – Јасен и Кајорец, и селото Белица, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана борова шума.
Останатите 12 пожари на отворено се целосно изгаснати.

