Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.
2024: BB+
2026: BB+
Тоа не е напредок. Тоа е исто.
А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро.
Лаже уште додека ја чита оценката, велат од СДСМ.
Што значи BB+ на јазик што го разбира секој:
Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа.
Државата и натаму се смета за ризична. Зошто?
Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи.
СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме.
Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна.
„Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот.
Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем.
Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат.
Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна.
И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои.
Не го мери фрижидерот.
Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг.
Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема.
Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна.
Арамија чим ќе зине – лаже, додаваат од опозициската партија.

