Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
    • Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај
    • Александар Вучиќ најави оставка на 25 или 26 септември пред предвремените избори во Србија
    • ОЈО ГОКК бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра
    • Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    11.09.2026 во 17:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување.

    По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување.

    „Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто“, истакна министерката Божиновска.

    На средбата беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите.

    Министерството ќе побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати.

    „Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска.

    Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентираше клучните наоди и препораки од ревизиите, при што беше истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдија потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор.

    Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор.

    Прочитај повеќе

    Евро банкнотите добиваат нов изглед

    11.09.2026 во 14:04

    Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството

    11.09.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.