Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај

    Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај

    11.09.2026 во 17:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница до опозициската СДС, за денешниот говор кој опозициската партија го одржа за човек, кој воопшто не беше присутен во Собранието, наместо да поставува опозициски прашања, а со самото тоа, како што вели, самите го демантираа и координаторот на пратеничката група на СДС, кој претходно зборуваше колку се битни опозициските прашања.

    „Прво, го демантиравте вашиот координатор којшто имаше процедурално пред неполн половина час и кој кажа колку се битни опозициски пратенички прашања. Измислен инструмент да се даде можност на опозицијата да постави прашање. А вие одржувате прес за српски свет“, рече Мицевски.

    Тој посочи дека опозициската СДС одржува говор за човек кој во моментот не е присутен во Собранието, а притоа говори за ,,српски свет“.

    „Зборуваме за истиот Вучиќ, оној којшто му аплаудиравте вие, Венко и Заев со една кутивчо вакцини на минус два степени на граница. Тоа е тој Вучиќ. Зборувате за српски свет и за Вучиќ. Оној Вучиќ кој во кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни, вашиот претседател и тогашен премиер на државата. Тоа е српскиот свет и тоа е Вучиќ. Зборувате за српски свет и Вучиќ. За човекот којшто на скопскиов кеј овде преку улица го шетавте и за да му удоволите на српски одговаравте на прашањата што ви ги поставуваше“, истакна Мицевски и додаде:

    „Меѓутоа ова е истиот тој Стоилковиќ којшто баравте начин да го купите во претходниот мандат и којшто не подлегна на сите ваши уцени и нудење на финансиски средства за да пребегне од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ете тоа ве боли, што не успеавте да ја скршите претходната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“.

    Според него, на неинвентивноста на СДС не и се гледа крај, и како што вели тој останатите политички партии од опозицијата веќе се дистанцираат од СДС.

    „Колеги пратеници, жалам што и овој инструмент опозициони пратенички прашања успеавте да го избербатите. Меѓутоа во неинвентивноста ви нема крај. Продолжете вака и ќе ги барате овие резултати, од овие избори и овие бројки. Како што се тргнати колегите други од опозицијата, тргаат раце и ви се смеат на она што не знаете да го направите. Па и тоа што треба да го направите како опозиционери, не знаете да го направите“, кажа Мицевски и додаде:

    „Пратенички прашања за опозиција. Човек којшто не е тука најавен, оправдано или неоправдано, 10 минути да се држи монолог за него. Ќе дојде ќе ви одговори. Нема време да одговорам на последното писание, коешто го имате пишано за Весна Јаневска, а каде што вреѓате и тоа повеќе од што треба да вреѓате. И токму тоа е тој талог, со којшто ние ќе се бориме и ќе продолжиме да се бориме“.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.