Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството
    • Јаневска: За една недела сите ученици од „Киро Глигоров“ ќе се вратат со физичко присуство
    • Приведен прилепчанец во Охрид: При претрес во станот во кој престојувал пронајдена марихуана
    • Савески за „Пулс“: Траењето на притворот е регулирано со закон и со максимални рокови
    • Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат
    • Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“
    • Мицкоски: Предвремени избори ќе има само ако ги бара опозицијата
    • Лукаревска до Клековски: Има ли протокол за заштита на учениците од западнонилска треска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството

    Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството

    11.09.2026 во 13:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите бара новиот механизам за усогласување на пензиите да се уреди со закон и зголемувањето да биде во еднаков паричен износ за сите, наместо процентуално.

    Пензионерите сметаат дека разликите во образованието, стажот и сложноста на работните места веќе се пресметани во висината на почетната пензија, додека по пензионирањето трошоците за живот се зголемуваат исто за сите. Барањето за законски измени ќе му биде предложено на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

    Претседателот на Иницијативниот одбор на пензионерите од Охрид и Дебрца, Кирил Јосифовски, го објасни нивниот став:

    „Главните параметри за формирање пензија како работен стаж, школска спрема, работно место, сето тоа е опфатено и вградено во решението за соодветната пензија. Врз основа на тие критериуми има пониски, средни и повисоки пензии. Или за оние кои реагираат – јас учев, или јас имам долго работено, јас повеќе одвојував – појаснуваме дека сето тоа е вградено во решението за пензија и тука завршува се околу разликите. Но, после одење во пензија, никој пензионер не одвојува и не вложува ништо, скршен денар не вложува во фондот, понатаму сите пензионери сме еднакви“.

    Јосифовски најави дека на средбата со ресорниот министер ќе инсистираат ова прашање законски да се реши до следното усогласување:

    „Сега на средбата со министерот ќе инсистираме тоа прашање да се уреди со закон бидејќи Владата има мнозинство да го донесе. Очекуваме и бараме до наредното мартовско зголемување ова прашање законски да се уреди и натамошното делење на пензиите да биде линеарно“.

    Трајчо Митев, претседател на иницијативниот одбор од Штип, истакна дека ќе бараат законското решение да биде поставено пред пратениците во Собранието за тие да одлучат меѓу линеарно и процентуално усогласување.

    Трајче Станојков од Свети Николе дополнително појасни дека не се против процентуалното пресметување на вкупниот буџет, туку бараат истата сума да се распредели рамномерно:

    „Не може 3 отсто да му се даде на оној кој има 90 илјади пензија, и да го наградиме со 3000 денари, а да го казниме оној кој едвај дојде до 18 или 20 илјадипензија и само за 600 денари да му се усогласи со животниот трошок. Какво е тоа усогласување за некого 600 за некого 3000 денари“.

    Станојков побара и неотповиклива оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајковска.

    По две години во кои пензионерите добиваа ист износ на покачување, од овој месец се враќа процентуалното усогласување според трошоците за живот и растот на платите. Септемвриските пензии со пресметаното усогласување ќе бидат исплатени во октомври.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните

    11.09.2026 во 12:05

    Димитриеска-Кочоска: Добро ни оди, растеме

    11.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.