Голем пожар избувна рано утрово во скопската општина Шуто Оризари, при што, според првичните информации, изгореле неколку дуќани, пренесе 4news.mk.
На терен веднаш интервенирале противпожарните екипи, но огнот брзо се проширил и зафатил поголем дел од објектите.
Според првичните сознанија, во пожарот нема повредени лица.
Официјалните причини за избувнувањето на огнот засега не се познати.
Неофицијално, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат, но оваа информација сè уште ја нема добиено потребната потврда од надлежните институции.

