Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се работиме со план – за 3 години ќе биде многу подобро од денес
    • Божиновска: Енергетската независност не се прогласува, туку се гради со нови капацитети
    • Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води само Владата, Собранието мора да врши силен надзор
    • Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш елитата ќе си замине
    • Приведен 46-годишник од тетовско: Со тврд предмет ги нападнал снаата и нејзината 7-годишна ќерка
    • Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари
    • Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
    • Тошковски од Тетово: Намален бројот на сообраќајни жртви благодарение на „Безбеден град“, системот се проширува и во Велес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Енергетската независност не се прогласува, туку се гради со нови капацитети

    Божиновска: Енергетската независност не се прогласува, туку се гради со нови капацитети

    09.09.2026 во 14:212 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Енергетската иднина денес нема да ја чекаме, туку ќе ја градиме со знаење, со партнерство и со работа што остава трајни резултати, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на настанот по повод реализацијата на инвестицијата на „Алказар енерџи“ за изградба на ветерен парк во Штип.

    Според најавите, за првата фаза од овој ветерен парк веќе е заокружена финансиската конструкција во износ од 180 милиони евра, а целиот проект треба да биде завршен за три години. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува речиси половина милијарда долари, при што се очекува годишно производство од еден терават-час електрична енергија од обновливи извори и отворање на 300 нови работни места.

    Министерката Божиновска нагласи дека енергетската независност бара конкретни чекори и одговорно управување.

    „Енергетската независност не се прогласува, таа се гради — со нови производствени капацитети, одговорни инвестиции, знаење и институции што имаат јасни насоки. Затоа ветерниот парк во Штип има значење што ги надминува границите на еден проект и на една инвестиција. Нашата задача е ваквите капацитети да ги поврземе со поширока цел — поголема сигурност во снабдувањето, посилна економија и помала изложеност на надворешни енергетски потреси“, рече Божиновска.

    Таа додаде дека државата мора сама да ја креира својата енергетска стабилност.

    „Не смееме енергетската иднина на Македонија да ја оставиме само на условите што ги создаваат другите, мораме да ја градиме со капацитетите што ги создаваме тука. Токму во тоа е и улогата на Министерството за енергетика. Нашата институционална поддршка за ветерниот парк е дел од определбата да поддржуваме инвестиции во обновливи извори со предвидливи правила и со долгорочна развојна насока“, посочи министерката.

    Божиновска подвлече дека за сериозните инвеститори е неопходно обезбедување на ефикасни и професионални институционални процедури.

    „Ќе се залагаме за поефикасни постапки, но не и за пониски стандарди. Ќе ги поттикнуваме инвестициите, но ќе инсистираме тие да бидат одговорни кон просторот, животната средина и локалните заедници“, заклучи таа.

    Прочитај повеќе

    Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води само Владата, Собранието мора да врши силен надзор

    09.09.2026 во 14:13

    Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш елитата ќе си замине

    09.09.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.