Вчера во 19:20 часот, на улицата „Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С. (18) од село Кишава.
При контролата било утврдено дека тој управувал работна мобилна машина, иако не поседувал возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

