Преминот од летно на зимско сметање на времето ќе се спроведе и оваа есен во цела Европа, вклучително и во Македонија. Според утврдениот утврден календар, промената ќе се случи во последниот викенд од октомври.
На 25 октомври 2026 година, во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад, односно на 2 часот, со што официјално започнува зимското сметање на времето.
Сепак, Европската комисија напоменува дека објавениот распоред се темели на актуелните правила, но земјите-членки и понатаму ја имаат можноста за евентуално укинување на оваа практика во иднина.
Според предвидениот распоред за следните периоди, летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март со поместување на стрелките еден час нанапред, а ќе заврши на 31 октомври 2027 година.
Иако Европскиот парламент уште во 2019 година го поддржа предлогот за прекин на сезонското поместување на часовниците, земјите-членки на Европската Унија сè уште немаат постигнато конечен договор за тоа дали трајно да се задржи летното или зимското време.
Поради недостатокот на усогласен став, засега на сила останува правилото часовниците да се поместуваат двапати годишно – во март и во октомври. Истата регулатива и динамика се применуваат и во Северна Македонија.

