Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски го искористи Денот на независноста за поделби и навреди кон граѓаните
    • Денеска ќе нема струја до 15:30 часот, ЕВН најави исклучувања во една скопска општина
    • ЦУК: Избувнаа 34 пожари, се уште гори во струшко, Македонски Брод и Чучер-Сандево
    • Времето денеска сончево и топло, попладне локално невреме со пороен дожд и град
    • Приведен екс-директорот на Лотарија, Бајрами – сам се предаде на полицијата по една година во бегство
    • Груевски со честитка за 8 Септември: „Нека е вечна и просперитетна татковината“
    • Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности
    • Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски го искористи Денот на независноста за поделби и навреди кон граѓаните

    СДСМ: Мицкоски го искористи Денот на независноста за поделби и навреди кон граѓаните

    09.09.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов. Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста.

    Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја.

    Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

    Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар.

    Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

    Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област.

    Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата…насекаде е хаос.

    Народот едвај врзува крај со крај.

    Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа.  Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко.

    Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години.

    Европскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности.

    Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ.

    Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една.

    Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг.

    Патриотските теми веќе не поминуваат – сите се прочитани.

    Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Груевски со честитка за 8 Септември: „Нека е вечна и просперитетна татковината“

    08.09.2026 во 16:03

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.