Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Тешка сообраќајка кај Берово: „Опел“ се заби во ограда и се преврте, сопатничка заврши со тешки повреди
    • Ужас во Скопје: Маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, лекарите констатирале траги на насилство
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со инвестиција од 2,7 милиони евра заврши модернизацијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде што е реконструиран патничкиот терминал, проширен е чек-ин просторот, зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, а зголемен е и бројот на шалтери.

    На официјалното пуштање во употреба, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со преземените активности значително се подобрува квалитетот на услугите за сите корисници.

    Со ова охридскиот аеродром добива поинаква динамика, поинакво светло поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува. Оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден со најголем број патници досега во историјата — повеќе од 3.000 . А исто така има и денови кога имаме повеќе од 20 полетувања, што исто така претставува само по себе еден значаен податок којшто е за почит. Убеден дека во периодот којшто претстои со сите градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до бројки коишто претставуваат наш нов таргет, рече Мицкоски.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски посочи дека по завршувањето на градежните работи практично се отвора нов терминал, потсетувајќи дека претходните поголеми зафати датираат уште од 1970 година.

    Охридскиот аеродром само од јануари до јуни оваа година има над 240.000 патници, а двата аеродроми оваа година заедно ќе се приближат до 4 милиони, нешто што беше незамисливо за нашите аеродроми, и ќе продолжиме да растеме – рече Николоски.

    Тој додаде дека се интензивираат и работите на автопатот Кичево – Охрид, посочувајќи дека делот до аеродромот е веќе завршен.

    Најтешката делница ќе се отвори во следните месеци. Очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници коишто треба да значат поврзување и со Скопје и со скопскиот аеродром – најави Николоски.

    Извршниот директор на ТАВ Македонија, Серкан Каптан, нагласи дека целата инвестиција била реализирана без прекин на редовниот авиосообраќај, дополнувајќи дека вкупните вложувања на компанијата во земјава достигнале речиси 300 милиони евра.

    Во овој период, ја зголемивме поврзаноста и годишниот сообраќај за повеќе од четири пати. Во 2026 година, македонските аеродроми се меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа. Постигнавме раст од речиси 30 проценти во споредба со претходната година. Охридскиот аеродром го забележа најуспешниот јули во својата историја, поставувајќи нови рекорди и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови – рече Каптан.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.