Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори
    • Цените во маркетите засега стабилно високи
    • Тошковски: Не изненадија гужвите на Табановце
    • Тошковски: Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори
    • Обвинителствата со недостиг од 67 обвинители
    • Во Македонија 6 жртви – колку починати од западнонилска треска има во другите држави во Европа
    • Смртта на Младиќ повторно го отвори Балканот
    • Италија: 17 починати од западнонилска треска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата казнува на големо: Олеснет џебот на 644 возачи, петмина завршија во полиција

    Полицијата казнува на големо: Олеснет џебот на 644 возачи, петмина завршија во полиција

    24.09.2025 во 10:59Updated:24.09.2025 во 11:012 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет возачи поради безобзирно управување со возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

    Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци.

    Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени и 82 прекршоци за возачи што управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.

    Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера беа лишени од слобода и петмина возачи на кои што ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност.

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Не изненадија гужвите на Табановце

    27.08.2026 во 19:35

    Тошковски: Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори

    27.08.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.