Синоќа околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.
Пред нив застанал мотоцикл со две лица, по што од него било пукано со огнено оружје кон групата, а напаѓачите веднаш потоа побегнале.
При пукањето бил погоден 26-годишниот А.М., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

