Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за злоупотребите во „Државна лотарија“, меѓу обвинетите и Артан Груби

    Продолжува судењето за злоупотребите во „Државна лотарија“, меѓу обвинетите и Артан Груби

    07.09.2026 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот со наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

    На претходното рочиште, Судот ја одложи главната расправа со цел на обвинетите и на нивните бранители да им се овозможи дополнително време за увид во доказниот материјал и за подготовка на одбраната. Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски тогаш посочи дека обвинетите треба да имаат доволно време да се запознаат со доставените докази и да предложат свои докази за натамошниот тек на постапката.

    Во овој предмет обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

    Според обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година, со пречекорување на службените овластувања, предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На обвинетите им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

    Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот, додека за Артан Груби Обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

    Прочитај повеќе

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.