Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Македонија е прва во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска, Владата задоцни со реакцијата

    Младеновска: Македонија е прва во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска, Владата задоцни со реакцијата

    06.09.2026 во 11:372 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се наоѓа на првото место во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија, изјави денеска на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

    Според неа, до 1 септември во земјава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, а седум лица починаа, при што ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за лошо менаџирање со здравствената криза.

    „Не се ова статичките бројки, човечки животи се загубени. Повторно, исто како и со здравствената криза со водата во Гостивар, институциите на Микоцски и Клековски задоцнија со реакцијата. Владата нема капацитет да превенира и навреме да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту прскањето против комарци не беше спроведено навреме“, истакна Младеновска.

    Од СДСМ посочуваат дека системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливите болести не функционира, а реакцијата на властите изостанала и покрај нивните претходни предупредувања.

    „Кога СДСМ бараше системски мерки, Национален штаб, ентомолошкиот мониторинг, национална карта на ризик, власта не игнорираше. Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија кога одговорот на државата требаше да биде најсилен“, рече Младеновска.

    Таа направи паралела и со ситуацијата во Гостивар, каде што околу 5.000 граѓани побараа лекарска помош поради проблемите со водата за пиење, нагласувајќи дека јавноста сè уште чека соодветен извештај и одговорност.

    „Со западнонилската треска повторно гледаме задоцнета реакција откако бројот на заболени и починати веќе порасна. Истиот модел, истиот институционален хаос. Задачата на институциите е да превенираат, да контролираат, навреме да реагираат за да го заштитат населението“, порачаа од опозициската партија.

    Од СДСМ заклучија дека кога превенцијата доцни и институциите молчат, цената ја плаќаат граѓаните со своето здравје и животи, поради што бараат институционална одговорност.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.