Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    (ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Ја завршивме реконструкцијата на старата чаршија, продолжуваме со поддршка за општините

    05.09.2026 во 14:40

    Полицијата во шок откако при контрола стопирале „Форд“ со дебарски регистарски ознаки

    05.09.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Притвор за владиниот возач – барал 1.500 евра за вработување пожарникар во Град Скопје
    • МВР се огласи за приведениот возач во Владата – фатен е со обележани пари
    • Крај на олеснувањата за EES: Од денеска нови правила на европските граници
    • СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура
    • СДСМ: Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијарди евра
    • Косел трева па го запалил селото: Лишен од слобода жител на Македонски Брод
    • (ФОТО) Апсење на „Тиквешки гроздобер“: 34-годишен кавадарчанец фатен со бела прашкаста материја и пари
    • ВМРО-ДПМНЕ: Осомничениот за мито е зад решетки со бележани пари, во време на СДС никој немаше да биде санкциониран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Притвор за владиниот возач – барал 1.500 евра за вработување пожарникар во Град Скопје

    Притвор за владиниот возач – барал 1.500 евра за вработување пожарникар во Град Скопје

    06.09.2026 во 11:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

    Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари.

    По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

    Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците во постапката, како и околности што го оправдуваат стравувањето дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

    Навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно. Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија.

    Прочитај повеќе

    МВР се огласи за приведениот возач во Владата – фатен е со обележани пари

    06.09.2026 во 11:31

    Косел трева па го запалил селото: Лишен од слобода жител на Македонски Брод

    06.09.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.