ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“ во Прилеп, пријавените се однесувале недолично и агресивно кон полициски службеник, а потоа физички нападнале полициски службеник, додека извршувал службени дејствија.
Првопријавениот пак, му упатувал закани кон него и неговото семејство.

