Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
    • ЈПДП: Мостот на Маркова Река саниран пред предвидениот рок, од утре се пушта во целосна функција
    • Затајувале данок, давале пари со камата и переле пари: Кривична пријава за фирма и две лица од Струмица
    • Алармантни податоци од Куманово: 16 деца годинава завршиле во болница поради голтање хемикалии и лекови
    • Канаѓанец фатен на дело: Се обидел нелегално да изнесе културно наследство од Македонија
    • Ѓорѓиевски на средба со Гаши: Само со дијалог можеме да создадеме подобра иднина за Скопје и за цела Македонија
    • Муцунски во официјална посета на Киев: Безбедноста на Украина е европска безбедност
    • Украинските сили извршија напади врз цели во Сочи: Погоден руски брод и запалено складиште за нафта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

    СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

    04.09.2026 во 16:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, велат од СДСМ.

    „Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна.

    „Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X.

    Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија.

    Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности. 

    Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ.

    Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.

    Мицкоски свесно одлучи да ги заштити.

    Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ.

    Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски на средба со Гаши: Само со дијалог можеме да создадеме подобра иднина за Скопје и за цела Македонија

    04.09.2026 во 15:43

    Муцунски во официјална посета на Киев: Безбедноста на Украина е европска безбедност

    04.09.2026 во 15:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.