Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Охрид: Да ги задржиме младите инженери дома е стратешка цел за опстанокот на државата

    Сиљановска-Давкова од Охрид: Да ги задржиме младите инженери дома е стратешка цел за опстанокот на државата

    04.09.2026 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Создавањето услови младите инженери својот ум, талент и креативен потенцијал да ги реализираат во татковината е стратешка цел од која зависат развојот и опстанокот на државата, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста за доделување на признанието „Инженерски прстен 2026“ во Охрид.

    На 23-то издание на традиционалната манифестација, престижното признание им беше доделено на 14 млади инженери кои постигнаа најуспешни резултати за време на студирањето.

    Истакнувајќи го значењето на младите кадри за економскиот и технолошкиот напредок, Сиљановска-Давкова нагласи:

    – Мора да станеме свесни дека во време кога знаењето е најзначаен развоен ресурс, од односот на одговорните и на најповиканите кон најучените, најталентираните и најкомпетентните млади луѓе зависи просперитетот на нашата држава, рече Сиљановска-Давкова.

    Претседателката додаде дека успешните студенти претставуваат непроценлив социјален капитал.

    – Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги препознаеме и идентификуваме, но и навреме да ги вреднуваме, овозможувајќи им својот професионален потенцијал да го реализираат тука, дома, зависат нашата технолошка конкурентност и компетитивност, но и економскиот капацитет и развој на државата, рече претседателката.

    Зборувајќи за придонесот на инженерството во општеството, таа оцени:

    – Најголемите историски пресврти и општествени скокови не се врзани само за нови научни сознанија, туку и за способноста и подготвеноста за нивно преточување во конкретни решенија со кои темелно и трајно се менуваат начинот на живот, производството и комуникацијата. Преку инженерството научната мисла добива апликативна, општествена верификација и релевантност, рече таа.

    Порака до младите упати и претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов, кој ги повика да останат во земјата и да учествуваат во големите инфраструктурни и дигитални проекти.

    – Останете во земјата. Знаете дека сте ни потребни. Потребен ни е вашиот ум за да ги проектираме, изведеме и завршиме големите стратешки проекти што ќе ги дефинираат нашите следни десет години, рече Лепавцов, додавајќи дека „вистинската независност не е само политички статус, таа се гради преку економска сила и технолошка самодржливост“.

    Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош, исто така истакна дека на младите мора да им се овозможи постојано усовршување и градење кариера во домашни услови.

    – Дипломата повеќе не е крај на образованието, туку почеток на професионалното учење. Нашата задача е да создадеме услови инженерите постојано да се усовршуваат, да следат современи стандарди и технологии и да ја градат својата професионална кариера во нашата држава. Ако сакаме современа држава, мора да имаме и современо инженерство, нагласи Метикош.

    Прочитај повеќе

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.