Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Центар објави повик за асистенти за ученици со посебни потреби: Месечен надоместок од 18.000 денари
    • ФЗО: Вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во изминатата година
    • Германија истражува координирана саботажа врз енергетската мрежа по нападите во Бранденбург и Келн
    • ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија
    • Цената на нафтата пред рекорден неделен раст – колку ќе поскапат горивата во Македонија?
    • Чудо во Непал: Две лица спасени од затрупан тунел девет дена по разорните поплави
    • Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна
    • Студен фронт го зафаќа регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар објави повик за асистенти за ученици со посебни потреби: Месечен надоместок од 18.000 денари

    Општина Центар објави повик за асистенти за ученици со посебни потреби: Месечен надоместок од 18.000 денари

    04.09.2026 во 11:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.

    Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности.

    „Со проектот „Образование за сите”, продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.

    Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост.

    Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари.

    Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот.

    Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

    03.09.2026 во 21:22

    Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини

    03.09.2026 во 20:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.