Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФЗО: Вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во изминатата година

    ФЗО: Вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во изминатата година

    04.09.2026 во 11:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, од вкупно 1.883 поднесени и разгледани барања за остварување на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид, информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

    Според податоците на Фондот, околу 12,6 проценти од сите разгледани барања во првата година од стапувањето на сила на законските измени се токму за дополнителните обиди кои претходно не беа покриени на товар на државата.

    -Од 237 поднесени барања, 216 барања се за четврти обид, 17 барања се за петти обид и 4 барања се за шести обид. Зад секоја од овие бројки стои семејство кое добило уште една можност да продолжи таму каде што претходно системската поддршка завршувала – се вели во соопштението од Фондот.

    Проширувањето на правото на БПО беше дел од Владината програма, по што беа приспособени интерните акти, процедурите и системските решенија со цел новото право да се применува веднаш. Измените на Законот за здравствено осигурување беа објавени во „Службен весник“ на 17 јули 2025 година, а Комисијата за БПО ја одржа првата седница за разгледување на новите барања на 7 август истата година.

    Покрај зголемувањето на бројот на обиди, од ФЗО посочуваат дека постапката била дополнително олеснета и административно.

    -Но реформата не се состоеше само во зголемување на бројот на обиди. Постапката беше дополнително поедноставена со воведување електронска достава на известувањето за одобрено право на БПО, рокот за поднесување приговор беше продолжен од 8 на 15 дена, а осигуреното лице здравствените услуги за БПО ги остварува врз основа на известување од Фондот, без потреба од дополнителен упат од избран лекар – гинеколог од примарната здравствена заштита – информираат од ФЗО.

    За БПО постапките извршени во осум здравствени установи со кои ФЗО има склучено договор, во текот на 2025 година биле реализирани повеќе од 97,3 милиони денари.

    -Здравствениот систем сам не може да ги промени демографските текови, но може да направи нешто многу конкретно – да обезбеди повеќе можности и финансиската пречка да не биде причината поради која едно семејство ќе мора прерано да се откаже од обидот за потомство. Токму во тоа е суштината на зголемувањето од три на шест БПО обиди. Не станува збор само за измена на еден член од закон или за дополнителен ваучер. Станува збор за уште една шанса. А понекогаш, токму уште една шанса е ова што е потребно за надежта да стане живот – се вели во соопштението од Фондот.

    Прочитај повеќе

    ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори

    19.10.2026 во 15:44

    Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола

    19.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.