Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот на објектот, родителите обвинуваат за одолговлекување
    • Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството
    • Приведен струмичанец – полицијата му пронашла марихуана при претрес во домот
    • Кривична пријава за чувар на депонијата Мелци: Го напуштил работното место, по што избувнал голем пожар
    • Состојба со пожарите до 13 часот: Гори на две локации, шест се под контрола
    • Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија
    • УХМР со најнови податоци: Најтопло во Гевгелија, најмногу дожд падна во Крива Паланка
    • Македонија е подобро место за живеење од пред 3 години а за 3 години ќе биде уште подобро од денеска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот на објектот, родителите обвинуваат за одолговлекување

    Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот на објектот, родителите обвинуваат за одолговлекување

    03.09.2026 во 15:382 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите упати серија прашања кон вештаците професор Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои се однесуваат на урбанистичкиот статус на објектот.

    Адвокатот на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов, го праша професорот Марковски дали во Законот за градење постои дефиниција за „угостителска градба“. Марковски одговори дека оваа категорија не е посебно издвоена во Законот за градење и дека прашањето повеќе се однесува на Законот за урбанизам.

    Професорката Душица Анѓелковиќ појасни дека тимот работел врз основа на извод од Деталниот урбанистички план доставен од надлежните институции.

    -Предметниот објект се наоѓа во зона за лесна индустрија и мало стопанство. Немавме обврска да го анализираме целиот ДУП, бидејќи беше доставен само изводот за оваа зона- појасни вештакот.

    Анѓелковиќ додаде дека во ДУП‑овите може да постојат и зони со угостителска намена, но тоа зависи од планската програма и не било предмет на ова вештачење.

    Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат фокус, одговорност и прекин на одолговлекувањето на постапката. Мајката Мита Тасева оцени дека голем дел од прашањата кои денес се поставуваат од страна на одбраната се повторуваат и не придонесуваат за утврдување на суштината.

    -Кога едно прашање е одговорено, неговото повторување по втор, трет или четврти пат не создава нов факт – само троши време- рече Тасева.

    Таа додаде дека се создава впечаток дека наместо соочување со она што го утврдуваат вештаците, се избира тактика која ја развлекува постапката и ја оддалечува од суштината.

    Таткото Драги Стојанов исто така побара судот да спречи повторување на веќе поставени прашања, оценувајќи дека тоа е обид да се развлече постапката и да се исцрпат семејствата.

    -Сакаат да го одолговлечат судењето и да се откажеме, но ние не се откажуваме. Ќе се бориме за правдата додека чука нашето срце- истакна Стојанов.

    Тој нагласи дека семејствата ќе ја бараат правдата и надвор од земјата, доколку тоа биде потребно. Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Со изведувањето на градежното вештачење треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната ќе почне со своите докази.

    Прочитај повеќе

    Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

    03.09.2026 во 15:31

    Приведен струмичанец – полицијата му пронашла марихуана при претрес во домот

    03.09.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.