Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Владата планира ново задолжување од 1,3 милијарди евра
    • Невреме ја зафати Крива Паланка
    • Ноќна пресметка во Градски парк: Татко и син учествувале во тепачка, кај 50-годишникот пронајдена марихуана
    • „Ме претепа, па ми го искрши мојот телефон и телефонот на синот“: Приведен 34-годишен скопјанец за насилство во домот
    • Маж и жена пронајдени починати во стан во центарот на Скопје
    • Со месеци ја заклучувала и малтретирала својата 13-годишна ќерка: Приведена 45-годишна скопјанка
    • Николоски: Со средства од Светска банка ги зајакнуваме комуналните капацитети на општините
    • Бебе од липковско село донесено во кумановската болница поради сомневање за труење со детергент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата планира ново задолжување од 1,3 милијарди евра

    Филипче: Владата планира ново задолжување од 1,3 милијарди евра

    03.09.2026 во 13:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешна прес-конференција во Собранието предупреди дека Владата планира ново задолжување од 1,3 милијарди евра, со што вкупниот јавен долг на државата ќе достигне ниво од речиси 12 милијарди евра, односно околу 65% од Бруто домашниот производ (БДП).

    Филипче посочи дека ова задолжување не е предвидено во ребалансот на Буџетот и ја обвини власта за отсуство на стратегија за подобрување на економијата.

    „Колку треба да биде очаен човек да каже дека расте бруто домашниот производ, а при тоа, секојдневно, брутално и сè повеќе ја задолжува земјата? Затоа што, ако економијата добро работи, тогаш ќе се задолжуваме со помалку пари и вкупниот долг ќе се намалува, а нема да се зголемува“, рече Филипче.

    Според него, со оваа последна одлука, Владата предводена од Христијан Мицкоски за малку повеќе од две години создава нов долг од речиси четири милијарди евра. Тој ги отвори и прашањата околу ефектот и легалноста на унгарскиот кредит од една милијарда евра.

    „Заемот кој што е сега предмет на истрага, заемот поради којшто сега цела Европа и цел свет знае дека владата, на чело со Христијан Мицкоски, е под истрага и се сомневаат во нелегални процеси“, рече Филипче.

    Лидерот на СДСМ најави дека партијата повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на минималната плата на 36.000 денари (600 евра), со паралелно субвенционирање на придонесите за приватните компании со цел да се заштити бизнис-секторот.

    Прочитај повеќе

    Шасивари и Солстром разговараа за поддршката од Шведска во правосудните реформи

    03.09.2026 во 12:08

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието

    03.09.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.