Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше за промоцијата на новите возила за комунална хигиена, реализирани преку проект со поддршка од Светска банка.
На настанот присутни беа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Според Ѓорѓиевски, новата современа механизација ќе ги зајакне капацитетите за одржување на јавната хигиена и ќе овозможи поефикасно собирање на отпадот. Тој посочи дека Град Скопје со сопствени средства дополнително набавува специјализирани возила и над 3.300 нови контејнери.
„За нас, чистотата на Скопје не е повремена акција, туку секојдневна обврска кон граѓаните. Затоа работиме посветено, организирано и без изговори во секоја населба, на секоја улица и во секое маало“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој упати благодарност до премиерот Мицкоски, вицепремиерот Николоски и директорката на Светска банка за Македонија за поддршката во реализацијата на овој проект.

