Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53

    Нови протоколи во училиштата: Ќе се кратат часови ако е многу жешко

    02.09.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром за 46 евра за квадратен метар
    • Ѓорѓиевски: Зборот е збор, Скопје го правиме чист, достоинствен и повторно горд град
    • Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила
    • (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата
    • Транспортерите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ на 14 септември
    • Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во Кривогаштани
    • Ресен: Полицијата стопирала југо без регистарски таблици, возачот нема возачка
    • Вознемирена мајка се јавила во полиција: Мојот малолетен син е претепан од возрасно лице на улица во Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром за 46 евра за квадратен метар

    Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром за 46 евра за квадратен метар

    03.09.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компанијата „Адора“ ќе купи околу 23 илјади квадратни метри државно земјиште покрај кејот на Вардар во Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“, за нешто повеќе од 66 милиони денари, односно околу еден милион евра, објави „Призма“. Компанијата дала највисока понуда на јавното наддавање, на кое учествувала и фирмата „Битем“.

    Според урбанистичкиот план, на парцелата е предвидена изградба на спортски и рекреативни содржини, но дел од просторот може да се искористи и за хотел или објект за собири. Од околу 20 илјади квадратни метри површина предвидена за градба, 60 проценти се наменети за спорт и рекреација, а 40 проценти за комерцијални објекти – хотели и објекти за собири.

    Објектите ќе може да имаат максимална висина од 16 метри, односно приземје и три ката.

    Почетната цена на јавното наддавање изнесувала 2.032 денари за квадратен метар, а во текот на лицитацијата пораснала на 2.844 денари, или околу 46 евра за квадрат. Во моментов течат роковите за жалба, по што продажбата треба и формално да биде завршена.

    Идниот инвеститор има рок од една година да изработи проект и да обезбеди градежна дозвола, додека за реализација на предвидената градба има рок до десет години.

    Просторот покрај кејот во Аеродром и Ново Лисиче со урбанистичките планови е предвиден како зона за спортски и рекреативни содржини, но досега ваквата намена не привлекувала поголем интерес кај инвеститорите. „Призма“ претходно објави дека парцелата што сега се продава е целосно во државна сопственост и дека Општина Аеродром ја продава со цел земјиштето да се стави во функција и да обезбеди приходи од продажбата и комуналиите.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Зборот е збор, Скопје го правиме чист, достоинствен и повторно горд град

    03.09.2026 во 12:46

    Започна распределбата на 7.500 бесплатни униформи за сите основци во Општина Аеродром

    03.09.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.