Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загрижена мајка јавно раскажа: Со ќерка ми не нападнаа улични кучиња – едвај се спасивме
    • Мицкоски: И покрај сите шпекулации струјата нема да поскапи
    • Рама ги освежи полицајците: По 2.500 евра за сите во првата линија на протестите
    • Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија
    • Тешка сообраќајка: Пензионер прегази 21-годишен пешак
    • Министерот за правда: Решението за јазикот на кој ќе се полага правосуден не се носи зад затворени врати – туку преку дијалог
    • Драма во Градец: Група селани се испокарале, па се испотепале
    • СДСМ: Не сме задоволни со резултатот во Брвеница – задоволни сме што паѓа ВМРО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Организираниот криминал во затворите бара координиран одговор

    Тошковски: Организираниот криминал во затворите бара координиран одговор

    02.09.2026 во 13:411 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Организираниот криминал во затворите е поширок безбедносен и институционален проблем кој бара заедничко дејствување на повеќе институции, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на регионална конференција во Скопје.

    Тој предупреди дека криминалните структури можат да продолжат да комуницираат, да влијаат и да ги одржуваат своите мрежи и по лишувањето од слобода, што може да го наруши интегритетот на институциите и ефикасноста на кривичната правда.

    Како ризици Тошковски ги посочи пренатрупаноста, начинот на примена на притворот, недоволно развиените алтернативи, можноста за регрутирање ранливи лица и коруптивното влијание врз затворскиот персонал.

    Според него, неопходни се јасни професионални стандарди, механизми за спречување корупција и подобра размена на информации меѓу затворските служби, полицијата, обвинителството и другите надлежни институции.

    Тошковски оцени дека регионалната соработка е особено важна бидејќи транснационалните криминални мрежи и коруптивните ризици не познаваат државни граници.

    Конференцијата „Организиран криминал во затвори: Зајакнување на интегритетот, разузнавањето и соработката во Југоисточна Европа“ е организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Загрижена мајка јавно раскажа: Со ќерка ми не нападнаа улични кучиња – едвај се спасивме

    19.10.2026 во 13:15

    Мицкоски: И покрај сите шпекулации струјата нема да поскапи

    19.10.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.