Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска за пораката „Побарајте братче или сестриче“: „Немав намера да навредам никого“

    Јаневска за пораката „Побарајте братче или сестриче“: „Немав намера да навредам никого“

    02.09.2026 во 10:032 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера од првачињата побара, покрај знаење, од своите родители да побараат и братче или сестриче, како порака во контекст на сè посериозниот демографски пад и затворањето училишта во земјава.


    -„Ако продолжиме вака постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика ‘Јас, мама, тато, дада и бато’. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме“, рече Јаневска при посетата на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

    Министерката по оваа изјава вчера беше гостинка во „Тема на денот” во Дневникот на Сител, па кажа дека не сакала икого да навреди со изјавата.

    -„Сосема сум свесна дека тоа е лична одлука и дека ние треба да ја почитуваме одлуката на парот што решава да има или да нема деца или, пак, може или не може да има деца. Со таа изјава сакав само да потенцирам дека ситуацијата е алармантна и дека тие што се во можност и ако сакаат можеби можат да им овозможат на нивните дечиња да имаат братче или сестриче, без намера никого да навредам, ниту да влијаам на личните одлуки“.

    Посочи дека ситуацијата е алармантна, имајќи предвид дека се затворени 148 училишни објекти и се намалени околу 400 паралелки. 

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.