Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одете си веднаш, вакво понижувачко соопштение, дури ни СДС не може да смисли: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на судиите и обвинителите

    Одете си веднаш, вакво понижувачко соопштение, дури ни СДС не може да смисли: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на судиите и обвинителите

    23.09.2025 во 18:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите. Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денеска искажаните ставови од Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители.

    „Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.

    Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.

    Нека си одат веднаш. На нивно место ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1500 до 2000 евра какви што примаат судиите денес.

    Вакво понижувачко, нелогично и промашено соопштение, дури ни СДС не може да смисли.

    Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.