Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден
    • Македонија врие и навечер: Во 20 часот температурите надминаа 30 степени
    • Мајка и ќерка починаа само со еден час разлика од срцев удар: Заедно отпатувале на одмор во Црна Гора, а потоа се случила незамислива трагедија
    • Пукање во Холандија: Еден загинат, двајца ранети, приведени 34 лица
    • Почина поранешниот министер за одбрана на Србија
    • Скопјанка долго време молчела па решила да се јави во полиција и да пријави 
    • Нови детали на судењето за „Пулс“: Инспекцијата имала обврска да реагира за бесправната пренамена
    • Американските сили нападнаа цели на Иранската револуционерна гарда во Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден

    „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден

    01.09.2026 во 20:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Безбеден град“ отсега ќе може да ги регистрира и мотоциклистите кои прават сообраќајни прекршоци, благодарение на новото техничко решение на Министерството за внатрешни работи.

    Досега автоматската идентификација на мотоциклите при сообраќаен прекршок беше оневозможена бидејќи камерите ја снимаа само предната страна на возилата, а нивните registарски таблички се поставени одзади.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР поставило дополнителна опрема на избрани локации каде што постојат соодветни технички услови.

    „Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина“, изјави Тошковски.

    Тој посочи дека се надминати и други технички проблеми, меѓу кои поставувањето камери на критични точки и идентификацијата на возила со странски таблички, а се работи и на проширување на санкционирањето на останатите гранични премини.

    Како пример го посочи преминот Табановце, каде што фреквенцијата на возила била значително поголема од првичните проценки.

    „Имавме проценка дека ќе има по 5 возила на час, а имавме по 500 возила на час“, рече Тошковски, додавајќи дека се бара решение странските возачи да ги регулираат обврските без задржување на границата.

    Министерот изнесе и статистика според која до 1 септември 2025 година имало 96 загинати лица во сообраќајот, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 60 жртви. Тој подвлече дека целта на системот е неселективно санкционирање и спасување животи на патиштата.

    Прочитај повеќе

    Македонија врие и навечер: Во 20 часот температурите надминаа 30 степени

    01.09.2026 во 20:41

    Скопјанка долго време молчела па решила да се јави во полиција и да пријави 

    01.09.2026 во 19:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.