Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Состојбата со западнонилската треска се смирува, регистрирани се 53 случаи
    • УХМР предупредува: Утре бидете подготвени за невреме
    • Еден загинат во сообраќајка на двајца 75 годишни возачи пред Кичево
    • Тошковски: Ќе се шокирате кога ќе видите што се случувало во аферата „Мазут“
    • Не е се црно: Во Илинден за 20% повеќе првачиња од лани
    • Немало потажен старт на учебната година – луѓето се иселуваат поради лошите политики на Владата
    • Луѓето се иселија поради погрешните вредности на претходната Влада
    • Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Состојбата со западнонилската треска се смирува, регистрирани се 53 случаи

    Клековски: Состојбата со западнонилската треска се смирува, регистрирани се 53 случаи

    01.09.2026 во 16:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините даваат резултат, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

    тој соопшти ги основните бројки за раширеноста на вирусот и времетраењето на хоспитализацијата на оболените.

    „Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, додека најкраткиот период до испис бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање“, истакна Клековски.

    За состојбата на хоспитализираните лица детали изнесе директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана.

    Тој информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега, при што тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена.

    Според последните податоци од здравствените власти, досега вкупно 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување.

    Прочитај повеќе

    УХМР предупредува: Утре бидете подготвени за невреме

    01.09.2026 во 16:06

    Еден загинат во сообраќајка на двајца 75 годишни возачи пред Кичево

    01.09.2026 во 15:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.