Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ од денеска со голема кампања: „Заедно за иднина – Приклучи се!“
    • Њујорк: Убила жена па со нож тргнала кон полицајците – ја застрелале на Тајмс Сквер
    • Семејно насилство во Македонија – Син ја претепал мајката
    • Влегуваме во жолта фаза: Температурите близу 40
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го спречи технолошкиот развој на Македонија
    • Од денеска поевтин дизел – поскап бензин
    • Маврово денеска е светска престолнина на крапскиот риболов: Пристигнаа 33 репрезентации
    • Битола: Две училишта ќе работат со само 1 ученик – три се затвораат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ од денеска со голема кампања: „Заедно за иднина – Приклучи се!“

    ВМРО-ДПМНЕ од денеска со голема кампања: „Заедно за иднина – Приклучи се!“

    01.09.2026 во 09:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“. Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, која е подготвена за иднината, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Ние имаме повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство, а силата на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои со децении се дел од партијата, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија. И во таа насока пораката на кампањата е јасна и едноставна, „обнови го членството, биди активен и биди дел од иднината“. Почнувајќи од денес во период од три месеци, секој постоечки член ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци, а истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за секој граѓанин кој ја прифаќа програмата на партијата и сака да се приклучи, велат тие.

    ВМРО-ДПМНЕ е партија отворена за нови знаења, вештини и енергија и за секој еден кој има идеја, знаење, енергија и желба да придонесе, местото му е со нас.

    -Во рамки на процесот, за првпат во Македонија се воведува целосно дигитален начин на зачленување и ажурирање на партиското членство и за таа цел нашата ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети. Додека, пак, мобилната верзија на апликацијата е доставена до Google и Apple и по нејзиното одобрување ќе биде достапна и за мобилните телефони. Со дигиталниот процес, пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата на членството ќе можат да се завршат дигитално за само неколку минути дигитално од телефон. Ова е уште еден чекор кон модерна, ефикасна и технолошки напредна ВМРО-ДПМНЕ, која се менува со времето и ги користи современите технологии за да биде поблиску до своите членови, до граѓаните и пред се до новите генерации. Но, во овој процес, никого не оставаме зад нас, затоа што дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин на зачленување и ажурирање на членството и секој што сака тоа да го направи лично, ќе може да го направи тоа во општинските комитети. Од денес, 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да се приклучат, стои во соппштението.

    Како и до сега, личните податоци ќе се обработуваат согласно важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

    -ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите свои членови да го обноват и ажурираат своето членство, а сите граѓани кои досега не биле дел од партијата, но сакаат активно да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, да се приклучат, затоа што со овој процес го поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Твоето место е со нас, затоа што заедно сме посилни и заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се! За ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија, велат ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Семејно насилство во Македонија – Син ја претепал мајката

    01.09.2026 во 09:20

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го спречи технолошкиот развој на Македонија

    01.09.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.