Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе присуствува на првиот училишен час во новата учебна 2026/27 година во ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што ќе има свое обраќање.
Во рамки на настанот, Министерството за образование и наука заедно со „Македонски Телеком“ ќе ја најават и новата медиумска кампања насочена кон превенција и справување со врсничкото насилство.

