Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Путин: Ќе ме обесат
    • Трамп: Ако не сакате дата-центри ќе бидете заостанати и сиромашни
    • Гаши: Сите закони ќе бидат ставени на дневен ред
    • Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици
    • Трамп: Иран е пропадната држава
    • Средба Муцунски – Хукер во Блед
    • Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра
    • Обвинетиот сериски убиец се прави луд – во судот во Куманово сведочеа 2 преживеани жени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин: Ќе ме обесат

    Путин: Ќе ме обесат

    31.08.2026 во 19:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин стравува дека завршувањето на војната во Украина без остварување на барем минималните руски цели би можело да ја загрози и неговата лична безбедност, објави „Економист“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

    Според еден од изворите, Путин во одреден момент од војната на своите блиски соработници им рекол: „Ќе ме обесат“. Британскиот неделник не наведува кога била дадена изјавата, ниту во каков контекст.

    „Економист“ пишува дека Путин, според проценките на луѓе блиски до Кремљ, го смета заземањето на целиот Донбас за минимална цел со која би можел да го оправда исходот од војната.

    Весникот наведува и дека незадоволството од војната меѓу руското население расте, додека расположението во делови од руската елита е уште понегативно. Еден од изворите оценува дека проблемот не е само во економијата или во недостатокот на воени успеси, туку и во изгубеното време, бидејќи речиси пет години војна сè повеќе се доживуваат како неуспех.

    Според анализата, Кремљ би можел да одговори со дополнителна ескалација на војната. Како можни сценарија се наведуваат засилување на нападите врз Украина, како и интензивирање на хибридните активности и саботажи против земјите кои го поддржуваат Киев.

    Руското Министерство за одбрана веќе најави подготовки за масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура, тврдејќи дека станува збор за одговор на украинските напади врз руска територија.

    Од Кремљ засега нема јавна потврда за изјавата што „Економист“ му ја припишува на Путин.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Ако не сакате дата-центри ќе бидете заостанати и сиромашни

    31.08.2026 во 19:22

    Трамп: Иран е пропадната држава

    31.08.2026 во 18:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.