Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во маркетите на Веро, Рамстор и Шпар ќе има подарок пакетче за секое прваче – понесете документ за возраста на детето
    • Пратениците утре ќе се вратат на работа – можна ли е блокада на Собранието?
    • Пожар во полска фабрика за дронови, надзорните камери снимиле маскирано лице
    • Тешка сообраќајка кај Петровец: Прегазен 28-годишен пешак
    • Започна да врне во централните, западните и југозападните делови од Македонија – УХМР со детали
    • Китановиќ го избриша постот за Младиќ и се извини на Мицкоски и Владата, но тврди: Нема да клекнам пред политички линч
    • Општина Маврово и Ростуше обезбеди 6.000 денари и ранец со прибор за секое прваче
    • Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, организаторот ја обвини продукцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во маркетите на Веро, Рамстор и Шпар ќе има подарок пакетче за секое прваче – понесете документ за возраста на детето

    Во маркетите на Веро, Рамстор и Шпар ќе има подарок пакетче за секое прваче – понесете документ за возраста на детето

    31.08.2026 во 17:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.

    Подарок-пакетчињата содржат практични училишни материјали и внимателно одбрани производи, како симболичен гест на грижа и внимание за децата на нивниот прв училиштен ден. Акцијата започнува денеска, 31 август и ќе трае до крајот на септември 2026 година, односно до распределување на однапред утврдените количини на подарок-пакетчиња.

    „Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во детството и спомен што останува за цел живот. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме овој прв ден да биде позитивно и незаборавно искуство. Особено сме задоволни што акцијата, која минатата година наиде на одличен прием, повторно ги обединува нашите партнери околу една заедничка и значајна цел: создавање радосни моменти за најмладите членови на заедницата и нивните семејства“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

    Акцијата се реализира со поддршка од дистибутерската компанија НЕЛТ и партнерските маркети: Веро, Рамстор и Шпар, кои се приклучуваат кон иницијативата и овозможуваат подарок-пакетчињата да бидат достапни на повеќе локации низ земјата.

    „Тргнувањето во прво одделение е голем и возбудлив чекор не само за секое дете, туку и за целото семејство. Со оваа акција сакаме да им подариме внимание, охрабрување и мал знак на поддршка на првачињата во моментот кога го започнуваат своето образовно патување. За нас е особено важно што, заедно со нашите партнери, и оваа година ја продолжуваме иницијативата и создаваме вредност за заедницата преку грижа за најмладите генерации“, изјави Јована Вазиќ, менаџерка за корпоративни работи и одржливост на Бамби.

    Родителите и старателите чии деца годинава тргнуваат во прво одделение ќе можат бесплатно да подигнат подарок-пакетче на означените места во вклучените продажни објекти. За да се обезбеди еднаков пристап, на сите вклучени локации ќе важат исти правила, со можност за подигнување едно подарок-пакетче за секое дете кое годинава тргнува во прво одделение. Исполнувањето на овој услов ќе се потврдува исклучиво со краток увид во соодветен документ со кој се потврдува возраста на детето, без копирање или задржување на документот и без евидентирање какви било лични податоци на детето.

    Целосната листа на вклучени продажни места, периодот на акцијата, расположливоста на пакетчињата и правилата за нивно подигнување ќе бидат јавно и навремено објавени на следниот линк.

    Со продолжувањето на оваа акција, Пивара Скопје и Бамби ја потврдуваат својата посветеност кон општествено одговорното работење, партнерството со локалните заедници и поддршката на иницијативи што создаваат позитивни искуства за децата и нивните семејства.

    Прочитај повеќе

    Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, организаторот ја обвини продукцијата

    31.08.2026 во 15:48

    Три бесплатни концерти во Скопје за Денот на независноста – финале со Дејвид Гета на Стадион

    31.08.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.