Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ: Се зајакнуваат капацитетите на македонскиот авиосообраќај
    • Цаневска: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, бараме одговори и одговорност од Градот Скопје
    • Вооружен инцидент среде ноќ во Куманово: Од мопед во движње пукано кон „ауди“
    • Министерство за транспорт: Се преговара за билатерални договори со земјите од Шенген за долгорочни визи на транспортерите
    • Апсења во Скопје
    • Си го прегазил едногодишното дете со автомобил, па ја лажел полицијата дека паднало од покрив – Ужас во Беране
    • Мајка и Татко од Ресен ќе одговараат кривично бидејќи ја тепале 15 годишната ќерка
    • Му се слошило додека работел по што паднал од висина: Повреден градежен работник во скопски Карпош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ: Се зајакнуваат капацитетите на македонскиот авиосообраќај

    Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ: Се зајакнуваат капацитетите на македонскиот авиосообраќај

    31.08.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Раул Медина, генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ.  Присутни на средбата беа и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. 

    На средбата беше разгледа досегашната соработка со ЕВРОКОНТРОЛ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија. 

    Заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека државата во континуитет работи на развој на техничките и оперативни капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Македонската Навигација, при тоа се работи на План за унапредување и зајакнување на човечките ресурси, со цел системот да одговори на зголемените потреби и очекуваниот понатамошен раст на сообраќајот.

    Токму во таа насока политиките и мерките што ги презема Владата се насочени кон унапредување на оперативноста и капацитетите на воздухопловните власти, како и кон создавање услови за понатамошен одржлив развој на цивилниот воздушен сообраќај.

    На средбата беше потенцирано и дека Македонија бележи силен развој на авиосообраќај и по број на операции и по број на патници, што претставува значаен придонес за подобрување на поврзаноста на земјата, влез на нови авиокомпании и отворање нови можности за граѓаните и економијата.

    Вицепремиерот Николоски информираше и дека со новиот радарски систем кој е веќе инсталиран се очекува дополнително да се зајакнат техничките капацитети за управување со воздушниот сообраќај.

    На средбата беше потврдена важноста од продолжување на соработката со ЕУРОКОНТРОЛ насочена кон националните приоритети на државата која  до сега се реализира преку Програмата за поддршка на државите, а во насока на унапредување на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај.

    Посетата на директорот на ЕВРОКОНТРОЛ во Македонија е дел од состанокот на воздухопловните власти на земјите од регионот во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

    Прочитај повеќе

    Цаневска: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, бараме одговори и одговорност од Градот Скопје

    31.08.2026 во 13:30

    Коцевски: Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит им се ставени на располагање на општините

    31.08.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.