Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерство за транспорт: Се преговара за билатерални договори со земјите од Шенген за долгорочни визи на транспортерите
    • Апсења во Скопје
    • Си го прегазил едногодишното дете со автомобил, па ја лажел полицијата дека паднало од покрив – Ужас во Беране
    • Мајка и Татко од Ресен ќе одговараат кривично бидејќи ја тепале 15 годишната ќерка
    • Му се слошило додека работел по што паднал од висина: Повреден градежен работник во скопски Карпош
    • Се запали објект на „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк во Скопје
    • Продавале производи од заштитени брендови без дозвола – двајца паланчани кривично ќе се гонат
    • Три бесплатни концерти во Скопје за Денот на независноста – финале со Дејвид Гета на Стадион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за транспорт: Се преговара за билатерални договори со земјите од Шенген за долгорочни визи на транспортерите

    Министерство за транспорт: Се преговара за билатерални договори со земјите од Шенген за долгорочни визи на транспортерите

    31.08.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и дека активно и во континуитет работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со престојот во земјите од Шенген зоната.

    Од ресорното министерство посочуваат дека фокусот е ставен на директни преговори со државите членки, со цел да се олесни работата на домашните превозници.

    Во рамките на можностите со кои што раполага Министерството, се работи на склучување билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, бидејќи сметаме дека ова е најсоодветно решение, Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери, наведуваат од Министерството.

    Како што се појаснува во соопштението, бидејќи станува збор за општи правила на Шенген зоната, потпишувањето на поединечни билатерални договори за издавање долгорочни визи е единствениот правен инструмент со кој располага Владата.

    Идејата е генерално да се покријат рутите каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи. Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од Шенген зоната. Транспортната дејност е двигател на македонската економија и од тие причини сметаме дека дејноста не треба да запре да работи, напротив Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со работа за изнаоѓање дополнителни решенија, посочуваат од Министерството за транспорт.

    Прочитај повеќе

    Апсења во Скопје

    31.08.2026 во 13:05

    Мајка и Татко од Ресен ќе одговараат кривично бидејќи ја тепале 15 годишната ќерка

    31.08.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.