Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете
    • Објавени првите слики на Мадуро од затвор
    • Подгответе се: УХМР најавува поројни дождови, грмежи и можност за град
    • Последниот бран: Вчера вечерта со часови се чекало за влез во Македонија
    • Коцевски: Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит им се ставени на располагање на општините
    • Обезбедени учебници за сите ученици – стартува новата учебна година
    • Јаневска: Укинати се 433 паралелки, ангажирани рекордни 1.524 образовни асистенти
    • Новиот кинески Закон за инфлуенсери стапува на сила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете

    Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете

    31.08.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката полиција ги истражува околностите околу смртта на бебе чие тело вчера беше пронајдено во куфер во стан изнајмен преку „Airbnb“ во атинската населба Кипсели.

    Според полициски извори, на грбот на бебето се пронајдени траги за кои се сомнева дека се поврзани со кривично дело, а причините за смртта треба да ги потврди обдукцијата.

    Во меѓувреме, полицијата ги истражува и околностите околу две малолетни момчиња, на возраст од 12 и 9 години, кои беа хоспитализирани откако беа пронајдени во станот. Според полициски извори, кај момчињата е утврдено дека боледуваат од сексуално преносливи болести. Во станот се пронајдени и куфери со сексуални предмети.

    Од зградата е изнесен 43-годишен Грк, кој престојувал во станот заедно со 38-годишна Германка. Двојката претходно живеела во куќа на улицата Филис, која исто така е претресена под сомневање дека телото на бебето можеби било преместено отаму.

    Според информациите на грчкиот портал „protothema.gr“, 43-годишниот Грк, Германката и нивната 15-годишна ќерка се очекува првично да бидат обвинети за непријавување на мртво лице. За поседување дрога се сомничат Гркот и 26-годишен Авганистанец, кој бил во врска со 15-годишната девојка.

    Истражителите ги чекаат ДНК анализите и обдукцијата за да утврдат кој е родител на бебето, откако Германката тврдела дека детето е нејзино, додека полицијата утврдила дека и таа и нејзината 15-годишна ќерка се бремени. Случајот беше откриен откако управителот на имотот повикал полиција поради неплатена кирија и сомнеж за користење дрога.

    Прочитај повеќе

    Грција потпишува голем воен договор со Израел

    31.08.2026 во 11:15

    Лидија Вукиќевиќ предизвика гнев во БиХ – Нејзината порака за Ратко Младиќ направи хаос

    31.08.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.